Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО | Продадено е свадбеното парче торта од венчавката на Чарлс и Дијана: Купецот платил две илјади евра
Парче торта од венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дијана од 1981 година е продадено на британска аукција за 1.850 фунти (2.185 евра), со предупредување – немојте да го јадете.
Препорачано
Почетната цена на парчето торта стара 40 години со марципан и бела глазура, која ја красеше кралскиот грб, изнесуваше од 300 до 500 фунти, но е продадена за повеќе од три пати поголема цена, пишува Би-би-си.
– Бевме вчудовидени од бројот на луѓе што сакаа да дадат понуда за ова големо и уникатно парче кралска торта, рекол аукционерот Крис Албри, специјалист за кралски спомени во аукциската куќа „Доминик зимски аукционери“ на западот на Англија.
„Имаше многу прашања и понуди, главно од Велика Британија, САД и од неколку земји од Блискиот Исток“, навел Олбри во мејлот и додал дека победникот на аукцијата, Гери Лајтон, доаѓа од Лидс во северот на Англија.
Тортата прво ја добила Мојра Смит, која работела за кралицата мајка во резиденцијата на Кларенс Хаус во центарот на Лондон. По смртта на Мојра Смит, нејзиното семејство го продало парчето торта на приватен колекционер за 1.000 фунти на аукција во 2008 година.
– Се чини дека е во потполно иста добра состојба како и кога првично беше продадено, но ве советуваме да не го јадете, рекле аукционерите.
Се продава парче од свадбената торта на принцот Чарлс и принцезата Дијана старо 40 години
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
34мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5