ВИДЕО | Пожар во магацин во близина на Москва

Пожар во Москва / Фото Твитер

Пожар избувна во магацин на градежни материјали во Московската област, јавува руското Министерство за вонредни ситуации.

„Во село Родники пожар зафатил магацин со градежен материјал. Пожарот зафатил 700 метри квадратни“, се наведува во извештајот.

Според првичните податоци, нема жртви. Покривот се урнал, а пожарот се проширил и на блиската управна зграда. Во моментов гори површина од 100 метри квадратни.

На местото се следи штетата. Обвинителството на Московскиот регион потврди за државната новинска агенција ТАСС дека го следи утврдувањето на сите околности на инцидентот, како и напредокот и резултатите од прелиминарната истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот