ВИДЕО | Последен поздрав: Покојниот го испратиле со стриптиз и егзотичен танц

На интернет неколку денови кружат снимки од погреб, на кој биле вклучени и стриптизерки. Девојките заиграле како да се на веселба, ја подгревале атмосферата меѓу нажалените семејства, а видеото на многубројните социјални мрежи собра неколку милиони прегледи. Поголем дел од луѓето останаа збунети и без зборови, но сепак беше дадена информација со која се објасни необичната разделба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by “Luu” (@innluu)


Имено, на 31 јули на вечна починка бил испратен Мдудузи, „Кардбери“ Звејн, 26-годишно момче кое исто така се занимавало со стриптиз и егзотичен танц, па на погребот очекувано стигнале и негови многубројни колеги. Девојките заиграле во негова чест, а на тоа не реагирало семејството на покојникот. Мдудузи бил убиен откако во него од автомобил пукале непознати мажи. Сето тоа се случило во Преторија, град во Јужна Африка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот