ВИДЕО | Портпаролката на Белата куќа ненадејно ја прекина прес-конференцијата на Бајден

Џо Бајден во Виетнам / Фото EPA-EFE/LUONG THAI LINH / POOL

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер ненадејно ја прекина прес-конференцијата на претседателот Џо Бајден во Ханој, Виетнам, која се одржа во неделата. Во еден момент таа го зела микрофонот и рекла дека настанот е завршен, иако американскиот претседател се уште одговарал на прашањата на новинарите во просторијата.

„Ви благодарам на сите – ова ја завршува прес-конференцијата“, рече Жан-Пјер откако го зеде микрофонот, пренесува Си-Ен-Ен.

Бајден накратко останал на сцената по нејзините зборови, одговарајќи на едно дополнително прашање, иако неговиот целосен одговор не се слушнал бидејќи веќе била пуштена музика.

Белата куќа на почетокот на прес-конференцијата објави дека Бајден планира да одговара на прашања на пет новинари. Сепак, претседателот останал на сцената, одговарајќи на дополнителни прашања за тоа што му рекол на кинескиот премиер Ли Кианг пред да биде прекинат од портпаролката.

Една неодамнешна анкета на Си-Ен-Ен покажа дека три четвртини од Американците се загрижени дека возраста на Бајден може негативно да влијае на неговото сегашно ниво на физичка и ментална подготвеност и неговата способност да одработи уште еден целосен мандат доколку биде реизбран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот