ВИДЕО | Поранешен американски кошаркар тврди: Јокиќ е најлошиот МВП во НБА во последните 40 години

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Поранешниот американски кошаркар, Жилберт Аренат испрати критики до српскиот кошаркар Никола Јокиќ нарекувајќи го најлош МВП во последните четири децении во НБА лигата.

Аренас истакна дека според него Јокиќ статистички е најлошиот МВП во најсилната кошаркарска лига во последните 40 години.

„Ако гледаме статистички Јокиќ е најлошиот МВП во последните 40 години. Мајкл Џордан ја доби таа награда кога Чикаго беше седми во лигата, а имаше просек од 35 поени, шест скокови и пет асистенции. Исто така Вестбрук го освои признанието кога Оклахома беше десетта во лигата, но тој имаше трипл-дабл во просек. Јокиќ во 2021 година ја освои наградата кога Денвер беше петти, а тој имаше просек од осум скокови и 10 асистенции“, коментираше поранешниот кошаркар.

Треба да се напомене дека ова не е првпат Аренас да критикува кошаркари кои доаѓаат од Европа бидејќи имаше слични коментари и во март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот