ВИДЕО: Помор на овци во Батинци- пијат вода од Маркова река

Маркова река / Фото: ,,Слободен печат'' / Методиј Здравев

Цела стока од Батинци пие вода во Маркова река. Во селото се одгледуваат над 1.000 овци и сите пијат вода од Маркова река. Точниот број на крави во селото не се знае, а селаните велат дека тешко е да се утврди бидејќи скоро секое домаќинство има по неколку за свои потреби. Млекото најчесто се продава и од овците и од кравите, не прават сирење од него.

Амет Демири еден од селаните кои има 200 овци вели дека за една година му починале 12. За „Слободен печат“ објаснува дека водата која се испушта од депонијата Дрисла им е огромен проблем.

-Во последно време често го пуштаат базенот со опасна вода од депонијата. Понекогаш ми се јавува работник од таму и ме предупредува дека ќе испуштаат вода па не ги пуштам овците на реката, вели Демири.

Тој вели дека не е проблем само водата. Ѓубре има низ цело поле, а овците го јадат. Вели дека кога се колат редовно во желудникот на секоја овца има најлон, а белите дробови се распаднати.

Маркова река / Фото: ,,Слободен печат” / Методиј Здравев

– Кога се коле овца, белите дробови се распаднати, животните се болни. Сите штали се на самата река и животните кога ќе се пуштат веднаш одат кај водата, вели Демири.

Тој објаснува дека Дрисла не е оградена во целост, па се случува животните да јадат по ѓубриштето.

– Кога се коле некое животно ако има проблем со место го фрламе, ако проблемот не е видлив го јадеме. Некогаш се закопува месото зошто се гледа дека има проблем со истото, па се плашиме да не се отруеме- вели Демири.

Тој бара итни мерки за покривање на депонијата која во одреден дел не е покриена.

ВИДЕО | Жители на Батинци тврдат: од 100 куќи, 24 мртви и девет заболени од карцином за неколку години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот