ВИДЕО: Пандев од првата минута против Лацио, Џенова реди порази

пандев
Горан Пандев играше против својот поранешен клуб Лацио/Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Џенова во најквалитетната италијанска лига го претрпе и 10 пораз (четврти по ред) сезонава откако загуби на гостувањето од Лацио со 3:1.

Македонскиот напаѓач Горан Пандев настапи од првата минута против римските „небесно-сини“, но не се запиша во листата на стрелците.

Нашиот играч настапи до 59 минута кога беше заменет од Екубан, а по првиот дел водеше домаќинот со голот на Педро.

Во второто полувреме Ачерби и Закањи се погрижија за зголемување на предноста, а единствениот погодок за гостинската екипа го реализираше Мелегони.

Лацио после осмата победа се наоѓа на осмото место со 28 бодови, колку што имаат Рома и Јувентус на шестата и седмата позиција. Џенова која и сезонава ќе се бори за опстанок е на 19 претпоследна позиција со 10 бодови.

Куп на Италија: Пандев, Елмас и Несторовски ги дознаа ривалите во осминафиналето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот