ВИДЕО | Палмер блескаше, Челси подобар од Лутон за втора победа во низа

Фото: Chelsea FC

Eкипата на Челси влезе во мини победничка низа откако денес со 2:3 славеше на гостувањето кај Лутон. Гледавме еден одличен натпревар во кој Челси имаше предност од 0:3, а во финишот Лутон беше блиску да дојде до изедначување.

Натпреварот го отвори Палмер со гол по 12 минути игра, а убав гол во 37-та минута по додавањето од Палмер постигна Мадуеке. Со предност од 0:2 Челзи замина на полувреме.

Во вториот дел се до 70-тата минута кога беше постигнат третиот гол за Челси кој го постигна исто така Палмер изгледаше дека „сините“ нема да имаат проблеми. Тој гол на Палмер како да придонесе за опуштање кај избраниците на Покетино.

Во 74-тата минута еден гол на Адебајо беше поништен, но само шест минути подоцна Лутон дојде гол преку Баркли. Продолжи да напаѓа домашниот тим погоди и две пречки, а голманот Петровиќ забележа неколку одлични интервении. Адебајо во 84-тата минута намали на 2:2, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот