ВИДЕО | Палмеирас е новиот шампион на Бразил

Фото: SE Palmeiras/Twitter

Тимот на Палмеирас на три кола пред крајот на првенството во Бразил ја обезбеди титулата.

Титулата Палмеирас ја обезбеди откако Инернасионал изгуби од Атлетико Минеиро со 0:1 и така на три кола пред крајот предноста на шампионот остана на 10 бодови.

 

За клубот од Сао Паоло ова беше 11-та шампионска титула. Последната Палмеирас ја освои во 2018 година. Сосема заслужено сезонава завршуваа како првопласирани затоа што тие ја имаат најдобрата одбрана и најдобриот напад во првенството.

Во целата сезона Палемеирас доживеа само два порази. Интересно е што и двата ги претрпе на домашен терен, од Сеара и Атлетико Параненсе. На гостински терен остана непоразен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот