ВИДЕО: Оружјето што го користел монструмот во Прага било користено и од други сериски убијци

Убиецот од Прага / Фото колаж на СП / Профимедиа

Експертите за оружје тврдат дека Давид Козак за време на масакрот на универзитетот во Прага користел оружје слично на она што го користеле повеќето масовни убијци во САД.

Станува збор за вид пушка која се наоѓа на границата меѓу спортско и воено оружје, а која е дури и забранета во некои сојузни држави во САД.

Според достапните информации, стрелецот користел пушка АР-10. Не пука автоматски, туку полуавтоматски, односно толку брзо колку што стрелецот ќе го повлече чкрапалото.

Ова оружје може легално да се купи и во Чешка со дозвола за огнено оружје издадена од државата. Слични пушки, особено типот АР-15, користеле масовни убијци во САД. Тоа е во суштина најразорното оружје што еден цивил може легално да го набави.

Експертите проценуваат дека Давид Козак при нападот на универзитетот употребил разорна ловечка муниција 308 Винчестер, која е многу прецизна и има голема разорна моќ.

Искористените проектили имаат центар на гравитација наназад, па затоа се повеќе склони кон отклонување. Тоа значи дека при ударот, тие можат да создадат кратер со поголема површина отколку што одговара на нивниот калибар.

Полицијата објави снимка од потерата по убиецот.

Да потсетиме, на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет на плоштадот Јан Плаха во Прага вчера се случи пукање во кое загинаа 14 лица, а 30 беа повредени, додека напаѓачот е убиен. Чешката полиција соопшти и дека таткото на осомничениот за пукањето, вчера бил пронајден мртов.

Минатиот петок, со истото оружје Козак во близина на неговата куќа застрелал довмесечно бебе и нејзиниот 32- годишен татко. Според полицијата, куршумите одговараат на пушката со која студентот по историја со психички проблеми, направи масакр на Универзитетот на кој што студирал.

ВИДЕО: Напаѓачот во Прага се самоубил кога се соочил со полицијата

Зајакнати безбедносните мерки на јавни места низ Чешка по пукањето во Прага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот