ВИДЕО: Напаѓачот во Прага се самоубил кога се соочил со полицијата

Давид Козак,  напаѓачот што вчера уби 14 луѓе на универзитет во Прага самиот се застрелал кога се соочил со полицајците на кровот на универзитетот, соопшти чешката полиција.

Според властите, доказите сугерираат дека пукачот, исто така, убил маж и неговата мала ќерка во шума во близина на Прага минатата недела.

Сепак, ова се уште е непотврдено.

Во меѓувреме, медиумите пишуваат дека починал еден од ранетите во вооружениот напад во Прага, со што бројот на Чешката полиција соопшти дека меѓу повредените има двајца државјани на Обединетите Арапски Емирати и еден на Холандија.

Претходно, Давид К. го убил својот татко во селото Хостуњ кај Прага, а потоа му испратил СМС порака на својот пријател дека ќе се самоубие. Полицијата тргнала во потрага по него и ја евакуирала споредната зграда на Филозофскиот факултет каде што тој имал предавање, но напаѓачот наместо тоа влегол во главната зграда каде немало полиција, донел торба со повеќе оружје и муниција и пукал во четвртиот кат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот