ВИДЕО: Оружје и муниција пронајдени во канта за отпад пред двор на скопјанец

Фото: МВР

Во полициска акција синоќа биле пронајдени голема количина на оружје и муниција. Во канта за отпад пред двор на скопјанец биле пронајден автоматска пушка „Калашников“, атоматска пушка „Плетер 91“ и торба со 100 куршуми.

„ На 22.08.2023 околу 22.30 часот на „Црногорска“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога во заедничка акција со Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје пронајдоа поголема количина оружје и муниција. Имено, во канта за отпад пред дворно место на улицата биле пронајдени автоматска пушка „Калашников“ кинеско производство со една рамка со куршуми, автоматска пушка „Плетер 91“ калибар 9 мм од хрватско производство и една торба со 100 куршуми калибар 7,62 мм и 27 други куршуми од различен калибар. Оружјето и муницијата биле подигнати за понатамошна постапка, а со судска наредба бил извршен претрес во домот на Б.Л.(27) од Скопје, кој не бил во домот. При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело“, информираат од МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот