
ВИДЕО: Објавен трејлерот за специјалната епизода на „Пријатели“
Изминативе неколку месеци одекна веста за повторното обединување на популарните „Пријатели“. Вчера, беше објавен двоминутен трејлер за долгоочекуваната специјална епизода „Friends: The Reunion“.
Препорачано
„Годината е 2002 година, четврток навечер и брзате да се вратите дома за да ја гледате најновата епизода од серијата „Пријатели”. Сега подгответе се да го сторите тоа повторно“, стои во описот на трејлерот што го објави „HBO Max“ на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Враќајќи се на сцената 24, каде што првично се снимаше најпопуларната серија од 90-тите за шест пријатели кои живеат во Њујорк, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер шетаат низ станот и ја играат играта од епизодата „The One with the Embryos“ од четвртата сезона.
Двоминутното видео открива дека специјалнaта епизода ќе има од сè по малку. Членовите на актерската екипа, предводени од Дејвид Швимер, одговараат на забавни прашања во врска со серијата и се присетуваат на деновите кога нивната серија беше најгледаниот проект на телевизија.
View this post on Instagram
Анинстон открива дека режисерот на серијата на која претходно работела изјавил дека „Пријатели“ нема да ја направи ѕвезда.
Долгоочекуваното обединување конечно пристигнува по неколку одложувања, а во истото ќе се појават и бројни ѕвезди како Дејвид Бекам, Џастин Бибер, Лејди Гаге, Рис Витерспун, Малала Јусафзаи и други.
View this post on Instagram
Култната серија „Пријатели“ која заврши во 2004 година, беше една од најпопуларните ТВ серии во 90-тите години и заживеа на стриминг платформите како една од најгледаните серии низ целиот свет. Специјалната епизода ќе се емитува на 27 мај, на стриминг сервисот „HBO Max“