ФОТО+ВИДЕО | Новосаѓанка наполни 100 години: Од строга професорка, до личност која не знае што е лутина

Фото: Фејсбук/Дом за стари лица „Вила Мир Лукс“

Новосаѓанката Вукосава Чопорда го прослави својот стоти роденден и го доживеа она што ретко кој успева да го направи – остави зад себе цел век со убави животни настани, пишува „Телеграф“.

Опкружена со роднините и пријателите, таа ги дувна роденденските свеќи на тортата по повод својот стоти роденден.

Во последните години, баба Вука (како што ја нарекуваат сите во домот за стари лица) сака да поминува време на тераса и да ужива во пиењето кафе.

Фото: Фејсбук/Дом за стари лица „Вила Мир Лукс“

Сите ја опишуваат како мирна и нежна личност. Социјалната работничка Јела Рајковиќ истакнува дека оваа симпатична жена е тивка, топла, племенита…

„Сите оние најубави особини. Таа не е знае што е лутина, не знае што е бес“, тврди Рајковиќ.

Фото: Фејсбук/Дом за стари лица „Вила Мир Лукс“

Таа своевремено завршила Академија за ликовни уметности во Белград, а целиот работен век го поминала во Нови Сад, во Средното уметничко училиште „Богдан Шупут“. Нејзините поранешни ученици неретко ѝ се јавуваат и ја прашуваат за нејзиното здравје.

„Велат дека била исклучително строга професорка. Но, била праведна и сите ја сакале“, додава Рајковиќ.

Фото: Фејсбук/Дом за стари лица „Вила Мир Лукс“

Нејзиниот роднина Ратко Чопорда се присетил на тоа дека таа во младоста, по завршувањето на Академијата, се залагала да им помогне и на останатите да го завршат образованието. Меѓу нив бил и тој.

„Таа многу сакаше да се оствариме, да учиме, да постигнеме нешто. Беше строга – кога нешто се прави, треба да се направи како што треба. Кога се учи, треба да се научи, и тоа добро. Но, на страна од тоа, таа беше многу смирена личност“, раскажал нејзиниот роднина.

Фото: Фејсбук/Дом за стари лица „Вила Мир Лукс“

Исто така, тој вели дека таа отсекогаш била личност со интегритет, но дека никогаш не била нервозна. Сепак, била многу одлучна, а доказ за таа нејзина карактерна особина било едно случување од пред осум години.

„Тогаш имаше 92 години, а јас имав 46. Тоа лето беше многу топло и јас сакав да ѝ купам климатизер. Таа тогаш ме застана и ми рече: ‘Види, ти си дупло помлад од мене. Ако јас ти кажам дека не сакам климатизер, тогаш не го сакам и не ми треба. Дали се разбравме?’“, раскажал Ратко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот