ВИДЕО: Новинарите на „Слободен печат“ од минута во минута известуваа од Самитот на ОБСЕ

Новинарите на „Слободен печат“ на Самитот на ОБСЕ/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Заедно со шефовите на дипломатиите од земјите членки на ОБСЕ и партнерските земји на Организацијата во Скопје пристигнаа над 250 новинарски екипи. Првиот ден од министерскиот состанок на ОБСЕ помина напорно за новинарите бидејќи следеа повеќе сесии и излагања на учесниците.

И екипата на „Слободен печат“ денеска, а и во текот на утрешниот ден редовно ќе информира за случувањата на овој Самит, кој пак е најголем настан од ваков формат во историјата на државава.

Во преуредениот спортски центар „Борис Трајковски“ во функција е ставен прес центар од каде новинарите го следеа самитот и известуваа.

Новинарите од „Слободен печат“ Борјан Бојчев, Кристина Ивановска, Соња Христовска Угриновска и главната уредничка Жана П. Божиновска се погрижија читателите на „Слободен печат“ навреме да ги добиваат сите информации од овој самит.

ВО ЖИВО | Министерски совет на ОБСЕ во Скопје

Погледнете ја таа работна атмосфера од снимката на колегата снимател Методи Здравев:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот