ВИДЕО | Нови снимки од дивеењето на студентите во охридскиот хотел: Ги вадат лустерите и пијат од нив

Фото: 24 сата / принтскрин / колаж: Слободен печат

Нови снимки од дивеењето на студентите од регионов кои учествувале на Дифовијада во Охрид, се објавени од хрватскиот портал „24 сата“.

Станува збор за настан на кој учествувале стотици студенти од регионот, а снимките од демолирањето на хотелот „Десарет“ и распуштеното и неодоговорно однесување наводно доаѓаат од забава која ја организирале студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот.

„Тоа беше вистински „крш и лом“. Сите дојдовме таму да се опуштиме, а некои малку ја поминаа границата, како што се гледа, изјави студент кој учествувал на „Дифовијадата“ во Охрид за „24 сата“.

Порталот објави нова, досега необјавена снимка од дивеењето на студентите, на која се гледа како, меѓу другото, тие ги вадат лустерите и ги користат како чаши од кои пијат алкохол.

На претходните снимки можеше да се види инвентарот на хотелот, скршени стакла, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален…

Од хотелот велат дека се многу изненадени од однесувањето на студентите, за кои велат дека биле од Хрватска и од Србија, и посочуваат дека ова не е првпат да имаат големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат, но никогаш досега немало проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот