ВИДЕО| Нови експлозии во Киев? Сирените за воздушен напад се слушаат низ цела Украина

принтскрин Твитер

Еден ден по разорните ракетни напади во Украина, утринава во Киев и во неколку други региони се огласија сирени за воздушен напад, објавија украинските медиуми, известувајќи дека Запорожје повторно е цел на руски ракетни напади, а во Виница била погодена термоцентрала од камикази беспилотни летала.

Регионите во кои, покрај Киев, се огласија и сирените се Запорожје, Чернихив, Виница, Одеса, Суми и Дњепар, јавуваат украинските i руските медиуми

Беше изведен и жесток напад врз инфраструктурата во Одеса, која се најде на мета на руските крстаречки ракети . Утринава нападот со крстосувачки ракетен H-101 повторно беше извршен од руски стратешки бомбардери ТУ-95 МС од областа на Каспиското Езеро, од каде што руската стратешка авијација веќе подолго време извршува напади врз цели во Украина.

Воздушната закана се прошири од централниот и јужниот дел на Украина кон западниот дел. Сега целата територија на Украина е под црвена тревога

Украинските служби за итни случаи соопштија дека во вчерашните масовни руски ракетни напади низ Украина загинале 19 лица, а 105 се ранети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот