ВИДЕО | Невреме во САД: Возила и домови под вода, една жена загина, предупредување за 13 милиони Американци

Фото: Твитер

Поројни дождови се очекува да се случат и денеска над североисточниот дел на САД, кои имаат потенцијал да предизвикаат катастрофални поплави во регионот, пренесуваат британските медиуми.

Околу 13 милиони Американци живеат во регионот за кој е издадено предупредување за поплави во источниот дел на Њујорк, во областа Бостон и во Западен Мејн. Таму се очекува да наврнат и до 17,78 сантиметри дожд, според прогнозата на американската метеоролошка служба.

Како последица на лошото време вчера една жена почина во округот Оринџ, Њујорк, откако водата ја однела додека се обидувала да избега од својот дом, јавија локалните медиуми.Медиумите објавија снимки од поплавени возила и домови

Гувернерката на Њујорк, Кети Хук, прогласи вонредна состојба во најмалку две окрузи, повикувајќи ги жителите внимателно да ја следат временската прогноза во текот на денот.

Стотици летови до и од аеродромите во регионот, вклучително и њујоршкиот Ла Гвардија и бостонскиот Логан, беа одложени или откажани вчера и денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот