ВИДЕО | Неапол како во војна: Германските „ултраси“ направија хаос

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Вистински хаос е во центарот на Неапол откако пристигнаа околу 400 ултраси на германски Ајнтрахт, но Германците се засилини со поддршка од фановите на Аталанта кои од Бергамо пристигнаа пред вечерашниот натпревар.

Според видео снимките во градот е вистински хаос, а полицијата има полни раце работи. Запалени автомобили, искршени излози, директни судири…се само дел од нередите кои се случвуваат.

Раководството на Наполи не дозволи продажба на билети за гостински навивачи токму поради безбедноста, сепак Германците помогнати од фановите на Аталанта со која Наполи играше минатиот викенд најдоа начин да се појават.

До натпреварот има уште неколку часа и дотогаш сигурно службите за мирот во градот ќе имаат многу работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот