ВИДЕО | Навивачите на Мајорка се поклонија пред Лука Модриќ

Фото: EPA-EFE/CATI CLADERA

Во вчерашниот натпревар од шпанското првенство Реал Мадрид дојде до победа од 1:0 во натпреварот против Мајорка.

Човек на одлука за „кралевите“ беше играчот за врска Аурелин Чуамени, но внимание привлече и хрватскиот маестро Лука Модриќ.

Модриќ на теренот беше до 86. минута кога Анчелоти одлучи да го замени. При излегувањето од теренот, Хрватот доби силни овации од страна на домашните навивачи кои ја препознаа неговата класа.

Ќе потсетиме, договорот на Модриќ со Реал Мадрид заршува на крајот на сезоната и засега не се знае дали ќе потпише нов или ќе ја промени средината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот