15 C
Скопје

ВИДЕО: Нападнат автобусот на Реал Мадрид на патот кон „Енфилд“!

Реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите екипите на Ливерпул и Реал Мадрид го играат вечерва на „Енфилд“ од 21.00 часот.

„Кралскиот“ клуб славеше во првиот натпревар со 3:1 и има многу добра предност пред вечерашниот натпревар, но јасно е дека Ливерпул ќе го даде максимумот за да направи пресврт.

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера пристигнаа во Англија каде одработија еден тренинг, но доживеаја голема непријатност пред натпреварот.

Имено, англиските медиуми објавија дека група навивачи на Ливерпул го нападнале автобусот со играчи на Реал Мадрид.

Тие со камења го нападнаа автобусот на Реал и успеаја да скршат едно стакло, но за среќа никој не беше повреден во инцидентот.

 

Поврзани вести

ВИДЕО: „Гранде Милан“, Јувентус демолиран во Торино!

Слободен печат

ВИДЕО: Адеми и Ристовски со „петарда“ до шампионскиот трофеј во Хрватска

Слободен печат

ВИДЕО: Втора титула за Зверев на Мастерс турнирот во Мадрид!

Слободен печат

Начевски: Запрепастен сум, да бидам жртва на еднострана изјава на Бајрамоска без соочување и сведоци??

Слободен печат

ВИДЕО: Тричковски во голгетерска форма го очекува Европското првенство!

Слободен печат

Новиот голман на Вардар 1961 со одлична партија во Бундеслигата

Слободен печат

Остави Коментар