ВИДЕО | Москва ја обвини Украина дека регрутирала платеници од Косово, Албанија и Босна да се борат во Донбас

Украинска армија / Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва има информации дека платени војници од Косово, Албанија и Босна биле испратени во Донбас.

„Русија внимателно ги проверува информациите кои упатуваат дека во регионот на Донбас се испратени платеници кои се регрутирани од од самопрогласените Косово, Албанија и Босна“, рече Лавров на прес-конференција.

Лавров потсети дека платениците доаѓаат од регионите кои во минатото биле цел на НАТО интервенција, за која алијансата тврдеше дека била одбрамбена и дефанзивна.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц и сите други лидери на НАТО велат дека алијансата е одбранбена. Рускиот претседател Владимир Путин потсети на бомбардирањето во 1999 година на прес-конференција по средбата со Шолц. Шолц рече дека НАТО интервенирал за да спречи геноцид врз косовските Албанци. дека овој регион сега цвета“, рече Лавров.

Но, според него, НАТО интевенцијата ги влошил условите за живот во овие региони

„Косово и некои други делови од Западен Балкан стануваат плодна почва за криминал. Има терористи, дилери на дрога. Овие места се главните регрутни центри за платеници кои се нагажираат за учество во разни конфликти меќу кој и конфликотот во Украина

Претходно Русија сооптши дека разузнавачките информации од Донбас покажале присуство на британски и полски платеници кои дејствуваат на линијата на фронтот во источна Украина и се борат против прируските милиции во регионот

Овој регион беше турнат во граѓанска војна во пролетта 2014 година, по државниот удар во Киев, кој беше поддржан од САД и Европската унија.

Оттогаш руското население во Луганск и Доњецк подржани од Носква одбиваат да се стават под суверенитет на владата во Киев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот