ВИДЕО | Мората ја „скрши“ цврстата Жирона во 91. минута, Атлетико едвај до победа

Фото: EPA-EFE/Siu Wu

По еден лош период во кој изгледаше дека Атлетико Мадрид може да остане надвор од топ 4 сега екипата на Диего Симеоне повторно изгледа солидно и има добри шанси да заврши на третата позиција.

Реал Сосиедад во падна во формата и има неубедливи резултати, додека Атлетико ја крева формата. Минатата недела ја прегазија Севиља со 6:1, додека вечерва потешко од очекувата славеа со Жирона.

Херој на „јоргнаџиите“ беше Алваро Мората кој во судиското продолжение од натпреварот го постигна голот кој им донесе победа. Се играше 91-та минута кога шпанскиот напаѓач се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата.

Во прв момент погодокот беше поништен, но по прегледувањето кое траеше цели четири минути се донесе одлука голот да важи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот