ВИДЕО | Милевски: Потребна е интензивна погранична соработка и развој на Преспанскиот регион

Со поддршка на ЕУ и името на самиот форум „Преспа Форум“ укажува дека сите држави се заинтересирани во инвестирање на инфраструктурните проекти, од соседните држави имаше премиери од Албанија, Косово и Србија, но за жал немаше високи претставници од Бугарија и Грција. И досега имаме одлична прекугранична соработка со Грција. Општина Ресен имаа одлична соработка со општините во Грција и Албанија. Министерството за локална соработка плаќа 15% од сите проекти. Ова ги зближува не само институциите, туку и граѓаните од сите три држави. Овие дополнителни стимули со средства ќе бидат добри за овој регион и ќе бидат исклучително важни, изјави во Утрински брифинг министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

„Ако се врати нивото на Преспанското езерото би можело да се мотивира и приватниот капитал и да се инвестира и во хотелски капацитети. Добро е и Форумот да стане традиционален. Се надевам дека наредната година ќе бидат присутни и премиери и претседатели од другите држави“, рече Милевски.

Говорејќи за преминот Маркова нога, Милевски вели дека се уште нема датум кога ќе се пушти.

-Тоа е заштитено подрачје кое не дозволува големи проекти. Дилемата и на делегацијата на ЕУ беше зошто да се даваат толку многу пари за граничен премин, кога за неколку години граница нема да има, бидејќи би станале членка на ЕУ. Проблемите сега се разрешени. Интензивно работиме за езерска рута Струга со Поградец, да се набават бродови со соларни панели, додава Милевски.

Говорејќи како претседател на ЛДП и претстојните локални избори, Милевски изјави дека партијата ќе оди со граѓанска коалиција на центарот.

Таму ќе биде и ДОМ, граѓански активисти, веќе разговараме за кандидати за градоначаланици кои би биле надпартиски, луѓе со авторитет.

Интегралниот разговор со министерот Милевски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот