ВИДЕО: Меѓаши одбележа 30 години постоење

Со хуманитарна аукција како централен настан, вчера вечер беше одбележан 30-годишниот јубилеј на Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Јорданка Трајкоска денеска во Утрински брифинг информираше дека собраните средства од синоќешната аукција ќе бидат наменети за платформата „Ало Бушавко“, наменета за деца и млади.

– На СОС линијата која следната година  ќе има  30-годишен јубилеј, во последниве пет години најмногу добиваме повици поврзани со оневозможување на детето да се гледа со едниот родител за времетраењето на бракоразводната постапка. Со тоа се прекршува правото на детето да биде со двајцата  родители, поради што во рамки на  одбележувањето на јубилејот, ние организиравме и јавна дебата на тема „Отуѓување на децата од родителите и како да  се  спречи“ при што голема поддршка дадовме на здружението на родители во бракоразводни постапки „Децата пред се“, рече Трајкоска.

Во однос на врсничкото насилство, Трајкоска вели дека се уште нема подобрување, а причината за тоа ја гледа во насилството кое децата го гледаат од возрасните.

– Се додека насилството е околу нас, не можеме да очекуваме децата да се полни со разбирање и емпатија. Тоа што им го советуваме,  треба и ние да го практикуваме, да биде помалку нервозни и со осуда за  другите, за да можат децата да учат од нас. За жал,  се уште е многу голем бројот на деца жртви на врсничко насилство кое во поново време е застапено и на социјалните мрежи. Тоа го покажуваат и податоците од училиштата со кои соработуваме, дури и после  пандемијата и он лајн наставата се  забележува значителен пораст на насислтво, вели Трајкоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот