ВИДЕО | Maнчестер Сити во ефикасен натпревар подобар од Кристал Палас

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Екипата на актуелниот шампион Манчестер Сити без многу проблеми славеше (2:4) во денешниот натпревар против Кристал Палас со кој беше отворено 32. коло во Премиер лигата.

Натпреварот за избраниците на Пеп Гвардиола не започна најдобро затоа што по само три минути игра Матета беше стрелец за водство од 1:0. За изедначување десет минути подоцна се погрижи Кевин Де Брујн, тоа беше и резултатот со кој се замина на паузата.

На самиот старт во вториот дел во 47. минути Рико Луис се запиша во листата на стрелци за пресврт на „граѓаните“. Третиот гол во 66. минута беше дело на Ерлинг Халанд, а Де Брујн четири минути подоцна со својот втор гол на натпреварот зголеми на 1:4. Конечните 2:4 беа поставени во 86. минута со голот на Едуард.

Манчестер Сити на табелата со овој триумф се изедначи со по 70 бода со Ливерпул, додека Арсенал е трет со 68. Својот натпревар од ова коло Ливерпул го игра против Манчестер Јунајтед утре, додека Арсенал денес во терминот од 18:30 часот ќе се соочи со Брајтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот