ВИДЕО: Манчестер сити и Ливерпул имаа спектакуларно дерби на „Етихад“!

„Граѓаните“ двапати водеа, а „црвените“ израмнуваа во премиерлигашкото дерби/Манчестер, Велика Британија/10 април 2022/Фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Фудбалерите на Манчестер сити и Ливерпул одиграа нерешено (2:2) во големото дерби од 32 коло во Премиер лигата. Видовме прав спектакл на „Етихад“ стадионот во Манчестер во кој домаќините двапати водеа, а гостите двапати израмнуваа.

„Граѓаните“ стекнаа предност уште во петтата минута кога мрежата на Алисон ја затресе Де Брујне после асистенцијата на Силва. Има интересен податок за Белгиецот, имено тој повеќе постигнати голови со левата нога (шест) отколку со десната (пет) досега оваа сезона во Премиер лигата.

„Црвените“ се погрижија за нов егал во 12 минута, португалскиот репрезентативец Жота беше стрелец. Асистент беше Александер-Арнолд, негова вкупна 17 асистенција, една повеќе од клупската легенда Стивен Џерард (16) во текот на една сезона.

Жезус во 36 минута ги израдува домашните навивачи со погодок за 2:1. Неговата статистика особено на домашен терен сезонава изгледа импресивно: 13 натпревари, стартер на осум натпревари, пет голови и четири асистенции.

Конечниот епилог беше поставен на стартот од вториот дел (46`), составот од Енфилд стигна до бодот со голот на Мане, после асистенцијата на Салах. Египќанецот во 47 премиерлигашки мечеви директно учествувал во 35 голови за Ливерпул против „големата шестка“: 26 голови, девет асистенции.

Се очекува до последното коло да се води борба за титулата, и натаму води Сити кој има 74 бодови, еден повеќе од второпласираниот Ливерпул, а „далеку“ зад нив е Челси на третата позиција со 62. Од оваа лигашка рунда денеска беа одигра уште три меча: Брентфорд – Вест Хем 2:0, Лестер – Кристап Палас 2:1 и Норич – Барнли 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот