ВИДЕО: Манчестер сити „гази“ кон титулата, славеше и Ливерпул против Фулам

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Манчестер сити успешно ги искористи сите лоши резултати на директниот конкурент за титулата Арсенал и повторно е на врвот во Премиер лигата.

Играчите на Пеп Гвардиола ја продолжуваат победничката серија, на својот „Етихад“ овојпат убедливо со 3:0 го совладаа Вест хем. Сите голови беа постигнати во второто полувреме, првиот беше дело на Аке во 50, вториот го реализираше Халанд во 70, а третиот Фоден во 85 минута.

На табелата водат „граѓаните“ со 79 бодови, еден повеќе од второпласираниот Арсенал, со напомена дека Сити има и еден натпревар помалку, па така составот на Гвардиола е во „пол-позиција“ на пет мечеви до крајот сезонава повторно да стигне до шампионскиот трофеј.

До три бода стигна и Ливерпул кој пред своите навивачи на „Енфилд“ минимално со 1:0 триумфираше над Фулам.

Стрелец на единствениот погодок за „црвените“ беше Салах во 39 минута од пенал. Екипата на Јирген Клоп е на петтата позиција со 59 бодови, додека Фулам после третиот пораз во низа е на 10 место со 45.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот