ВИДЕО: Левандовски ја искина мрежата на Келн

Роберт Левандовски /фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Фудбалерите на Баерн Минхен се вратија на победничките патеки во Бундеслигата по поразот од Борусија Менхенгладбах и денеска славеа убедлив триумф над Келн од 0:4.

Главен реализатор беше Роберт Левандовски кој постигна хет-трик. Полјакот погоди водеветтата минута, а во 25 минута Толисо зголеми на 0:2. Во второто полувреме, Левандовски постигна два гола, во 63. и 75. минута за убедлив триумф на Баерн кој е лидер на табелата со 46 бода, шест повеќе од Борусија Дортмунд.

Лајпциг оствари важна победа на гостувањето кај Штутгарт со која остана во трка за позициите кои носат пласман во европските купови. Победата на Лајпциг му ја донесоа Андре Силва и Нкунку.

Унион Берлин остана во битката за Лигата на шампионите по победата над Хофенхајм од 2:1. Баумгартл со автоголот во 16 минута му донесе водство на Хофенхајм, но Фоглзамер шест минути подоцна погоди за израмнување.
Конечниот резултат го постави Промела во 73 минута.

Резултати:
Келн – Баерн М. 0:4
Мајнц – Бохум 1:0
Штутгарт – Лајпциг 0:2
Унион Берлин – Хофенхајм 2:1
Волфсбург – Херта Б. 0:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот