ВИДЕО | Легендарниот шпански судија се расплака во неговиот последен натпревар

Фото: Screenshot_

Шпанскиот фудбалски судија, Антонио Матео Лахоз (46) вчера го судеше последниот натпревар во кариерата и тоа беше дуелот помеѓу Мајорка и Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски во Ла Лига.

Лахоз кариерата како судија ја започна во 1999 година, а првиот натпревар во најсилната шпанска лига го судеше во 2008 година. Фудбалерите на Мајорка и Рајо направија шпалир во негова чест и му аплаудираа.

Тој момент беше премногу емотивен за Лахоз кој не можеше да ги задржи солзите. Истовремено целиот стадион го скандираше неговото име и го поздрави со овации. На натпреварот присуствуваше и неговото семејство.

Кога е неговиот следен чекор во прашање, се пишуваше дека Министерството за спорт на Саудиска Арабија му испратило понуда да стане претседател на судиската комисија на Фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот