ВИДЕО | Легендарниот бел фустан на Мерилин Монро е најскапиот филмски костим

Мерилин Монро
Фото: Profimedia

Сцената од филмот „The Seven Year Itch“, во која Мерилин Монро стои над решетките на метрото стана легендарна.

Фустанот што славната русокоса го носи во тој филм од 1955 година собори и светски рекорд.

Коктел фустанот со боја на слонова коска, дизајниран од оскаровецот Вилијам Травиља, е една од најлегендарните облеки во историјата на филмот и најскапиот филмски костим на сите времиња, според Гинисовата книга на рекорди.

Фото: 20thCentFox Collection / Everett / Profimedia

Фустанот беше продаден на аукција во 2011 година за 4,6 милиони долари. Неверојатната цена го собори рекордот што претходно го постигна црниот фустан на „Живанши“, што го носеше Одри Хепберн во филмот „Breakfast at Tiffany’s“.

Истиот фустан го носеше и актерката Роксан Арлен, за улогата на г-ѓа Робертс во „Bachelor Flat“ во 1961 година.

ФОТО | Мерилин Монро и Џо Димаџио: Љубов каква што му прилега на Холивуд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот