ВИДЕО | Лајпциг им се врати на победите, Елмас доби 15-тина минути

Фото: rbleipzig.

По три порази тимот на Лајпциг конечно победи во Бундеслигата, тимот на Елиф Елмас во денешниот натпревар од 20. коло славеше победа против Унион Берлин со 2:0.

Уште на стартот од натпреварот домаќините покажаа дека се порасположени за игра и создадоа неколку прилики за гол. Една од тие прилики искористи најдобриот стрелец на тимот Лоис Опенда кој погоди по 11 минути игра. Иако со оглед на шансите Лајпциг можеше да води и со поголема разлика, сепак на паузата беше само 1:0.

Во сличен ритам започнаа и вторите 45 минути, домаќините констатно беа тие кои го диктираа темпото. Вториот гол беше дел на одличниот словенечки репрезентативец Бенџамин Шешко. Во продолжението фудбалерите на Лајпциг немаа проблем да ја задржат предноста.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и во овој натпревар не доби голема минутажа и во игра влезе во 77-та минута. Лајпциг во овој момент е петти во Бундеслигата со 36 бода, додека Унион Берлин со 17 е на петнаесеттата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот