ВИДЕО: „Кралевите“ се газди во Мадрид

Фото: EPA-EFE/Chema Moya

Реал Мадрид и тренерот Зинедин Зидан покажаа дека се најдобри кога е најтешко и за само една недела ги свртеа работите во своја корист.
„Кралевите“ во големото мадридско дерби со 2:0 го совладаа Атлетико и ја забележаа третата победа за седум дена без примен гол (Севиља 1:0, Борусија М. 2:0) и го вратија мирот во соблекувалната, а Зидан си ја зацврсти позицијата на клупата.

Каземиро во 15. минута скокна највисоко во казнениот простор на Атлетико и го матира голманот Јан Облак за водство на Реал од 1:0.

Во продолжение од натпреварот фудбалерите на Реал Мадрид беа подобар противник, доминираа на теренот, а наградата за одличната игра дојде до 63. минута кога Дани Карвахал со прекрасен гол по постави конечниот резултат.

Со победата во 13. коло од Ла Лига, „кралевите“ се искачија на третото место на табелата со 23 бода, три помалку од лидерот Атлетико Мадрид кој има и натпревар помалку. Следен предизвик за Реал Мадрид ќе биде натпреварот против Атлетик Билбао за три дена, додека Атлетико го пречекува Елче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот