ВИДЕО кое ја крена Турција на нозе: Маж ја претепа поранешната сопруга пред 5-годишната ќерка, протести во Истанбул

Фото: ANADOLU/TWITTER/SCREENSHOT

Маж во Турција, кој во јавност ја претепа поранешната сопруга, што може да се види и од снимките објавени на социјалните мрежи е во притвор, извести државната новинска агенција Анадолу.

Нападот се случил во саботата вечер во градот Самсун на северот од земјата.

Видеото е снимено од куќа во близина и ја покажува жената како лежи на земја додека мажот неколкупати ја удира со нога во глава, по телото и во лице. Нивната 5-годишна ќерка стои покрај мајката и плаче.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО:

Жителите повикале итна помош и жената не се здобила со повреди опасни по живот. Осомничениот е приведен уште истата вечер.

Видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Директорот за комуникации на претседателот Реџеп Таип Ердоган рече на Твитер дека случајот се следи внимателно, а женските организации побараа строго да се спроведуваат законите кои ги штитат жените.

Според тие организации, минатата година мажите во Турција убиле најмалку 300 жени. Во половина од случаите убиец бил нивниот партнер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот