ВИДЕО | Коциќ: Опозицијата координирано тера меѓусебен инат со цел да и наштети на власта

За жал Македонија, Европа и светот ги живеат најтешките денови по Втората светска војна и од здравствен и од економски аспект, ваква криза до сега немало по 45-та година, и во вакви услови да се блокира помошта од државата која што ја дава за луѓето, за фирмите мислам дека најблаго речено е нечовечки со изговори за некои проблеми за кои велат дека постојат повеќе од 20 – 30 години.

„Лично имам импресија дека опозицијата меѓусебно си соработува во блокирањето на мерките кои што државата ги спроведува со цел да ги олесни последиците кои што ги носи корона епидемијата. Дали во тоа успеваат, гледате и сами, едни со други се блокираат, и си тераат меѓусебен инат, меѓутоа мој впечаток е дека тоа е добро кординирано со цел да се наштети на власта, но не знам дали сфаќаат дека со тоа им наштетуваат на народот и на државата. Ги рушат националните и државните интереси блокирајќи ги мерките кои што оваа држава треба да ги донесе со цел да им помогне на луѓето“, изјава за Собраниски брифинг на Утрински брифинг Д-р Ненад Коциќ, пратеник од редовите на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот