ВИДЕО | Јувентус го победи Лече, Милик херој

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Eкипата на Јувентус со минимални 1:0 славеше против Лече во рамките од 6. коло во италијанската Серија А.

Победата за „старата дама“ доаѓа по поразот за викендот од Сасуоло со 4:2. Денес херој на тимот на Масимилијано Алегри беше полскиот напаѓач Аркадиуш Милик.

Милик во 57. минута од средбата го постигна единствениот гол кој се покажа како доволен за освојување три бода.

Во судиското продолжение Каба од редовите на Лече заработи црвен картон поради симулирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот