ВИДЕО | Југославија пред 40 години беше домаќин на ЗОИ: Денеска борилиштата во Сараево се во ужасна состојба

Фото: Screensho

Изминаа точно 40 години откако поранешната СФР Југославија беше центар на светот како домаќин на Зимските олимписки игри во Сараево. Во тој период за организацијата пишуваа сите, но денес терените каде што натпреварувачите водеа битки за медалите се заборавени и разрушени.

Олимписките игри се отворија точно на денешен ден 1984 година на стадионот „Кошево“. Славната лизгачка Санда Дубравчиќ имаше чест да го запали олимпискиот оган. Денес, четири децении подоцна останати се само неколку борилишта или подобро кажано траги од нивното постоење. Многу од борилиштата беа уништени и за време на војната во 90-тите години, но и времето си го направило своето.

Најголем дел не се реконстурирани до денес и претставуваат само спомен од едно друго време. Се највуваше дека Сараево може да организира ЗОИ во 2030 година и за таа цел ќе се реновираат скијачките скокалници и нордиските патеки на Игман, но од таа идеја не излезе ништо.

На тие ЗОИ во 1984 настапија 1.272 спортисти од 49 земји, а за првпат настапи еден афрички скијач, Ламине Геје од Сенегал. Продадени беа 250.000 билети за 12 натпреваручки дена, додека на телевизиските екрани барем еден настан гледале над две милијарди луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот