ВИДЕО: Израел гранатираше пазар во Газа, има мртви и ранети

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Израел вечерва го гранатираше пазарот Нусејрат во Појасот Газа, а во нападот има и жртви, соопшти палестинското МВР.

„Има мртви и голем број повредени во израелското гранатирање на пазарот Нусејрат во Појасот Газа“, се наведува во соопштението.

Министерството не го прецизира бројот на жртвите и ранетите.

Палестинскиот портал Кудс објави дека на местото на нападот избувнал пожар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот