ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Куцуловски: Падот на доларот е условен од висината на каматната стапка

Кирил Куцуловски - неизвршен директор на вега фондови / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Кога една централна банка сака да ја сузбие инфлацијата, таа ги крева каматните стапки. Тоа предизвикува парите во оптек да се повлечат назад во банките, теоретски намалувајќи ја инфлацијата. Ефектот наједноставно може да се види во цените на стоките како што се тргуваат на берзите.

-Во оваа област сум 10 години и ги следам тенденциите на вредноста на доларот и ова што се случува со доларот е во последната година и пол. Главен фактор за пораст на доларот е кревањето на каматната стапка на Федералните резерви или Централната Банка на САД, Се друго што можело да влијае е секундарен Фактор. Моментално референтната каматна стапка е 5,25% и кога се крева каматната стапка, валутата станува многу посилна. Каматните стапки беа кренати за да се засили валутата и да се заузда инфлацијата. Цената на производите во мало продажба и во големо продажба е различен, од една страна и вредноста на производите во големо продажба веќе се гледа дека е опадната, од друга страна. Во 2021 година се случи големо кревање на цените на металите, а во 2022 година таквата тенденција ги зафати прехранбените производи, памук дрва и сл. И на големо продажба се бележи пад на цените на овие производи и да се случи овој процес кај цените на ало треба време. Барел нафта сега е 72 долари, а беше до 100 долари и падна до 60 долари и сега има тенденција на раст кај цената. Ова е очекувана тенденција што значи посилен долар помала вредност на нафтата. Сметам дека ако не беше подигната каматната стапка, ако не беше засилен доларот може да видиме цена за барел 200 долари. Целта беше да се кренат каматните стапки за да не дојде до посилен долар, потоа да се намали цената на нафтата и кога доаѓа до намалување на цената на нафтата тенденцијата оди во насока на намалување на цената и на други производи. Ова го истакна Кирил Куцуловски, неизвршен директор Вега Фондови во емисијата Утрински пеат на Слободна ТВ.

Европската централна банка реагира на стабилизација на еврото, но реакцијата знае да биде побавна во споредба со други централни банки.

-Не сум убеден дека треба реакција од финансиските институции во Европа. Европската централна банка беше спора во реакцијата и тоа се случи пред се поради позицијата и статусот што го има, односно тоа е Банка на Унија не на федерација и потребно е усогласување меѓу различни субјекти. Федералните резерви сега може да ги намалуваат каматните стапки во САД од 5,25% многу повеќе и да ја стимулираат економијата и да се борат со рецесијата. Европската централна банка отсекогаш е спора во реакцијата и поради тоа ја нема подигнато каматната стапка, го нема засилено еврото,- истакна Кирил Куцуловски,

Влијанието на вредноста на еврото се рефлектира повеќе или помалку во некои области на економијата во земјите на ЕУ. Земјоделието како битна гранка во некои држави може да биде зафатено со рецесија како резултат на монетарните текови во Унијата и вредноста на еврото.

-Земјоделието во земји каде што е сериозна гранка во стопанството, мора да биде субвенционирано и не може да издржи поголем финансиски удар како што тоа може да го поднесе индустријата. Земјоделието може да трпи последици само ако државата не е доволно фискално силна да го стимулира,- изјави не извршниот директор на Вега Фондови Куцуловски.

Политиката на приближување на неколку големи држави, како што се Русија, Кина, Индија, Бразил и Јужноафриканската Република навидум создава претстава дека може да постигнат нивната внатрешна размена на стоки евентуално би ја намалило улогата на доларот во светот. Меѓутоа, интересите на овие држави може да бидат се уште во насока на користење на доларот во меѓусебната размена.

-Сметам дека Русија и Кина нема да дозволат доларот да биде заменет во меѓусебната размена на стоки, односно толку длабоко да се интегрираат со нивните пазари, а посебно Кина. Постојат специфики кај овие држави, односно Кина не дозволува на нивните берзи да се појави странец, Русија има санкции и е оневозможена да привлече партнери, Јужноафриканската држава е речиси нефункционална држава и денес е помалку веројатно да дојде до замена на доларот во споредба од пред неколку години. Истовремено сакам да укажам дека европските економии не се извозно ориентирани како американската, а посебно кинеската. Во европската економија е фаза на стагнација и не знам уште колку ќе трае. Според мене клучна е политиката на Федерални резерви и политиката на каматните стапи и се други има секундарно влијание,- истакна Кирил Куцуловски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот