ВИДЕО | Илјадници Португалци протестираа против поскапувањата

Протест Португалија / Фото PATRICIA DE MELO MOREIRA / AFP / Profimedia

Илјадници демонстранти излегоа вчера на улиците на португалскиот главен град Лисабон за да побараат подобри услови за живот во време кога високата инфлација уште повеќе им отежнува на луѓето да врзат крај со крај, пренесе Ројтерс.

Португалија е една од најсиромашните земји во Западна Европа. Според владините податоци, повеќе од 50 отсто од работниците заработувале помалку од 1.000 евра месечно минатата година. Минималната месечна плата во земјава е 760 евра.

Цените на куќите во Португалија ќе пораснат за 18,7 отсто во 2022 година – најголем пораст во последните 30 години. Пораснаа и кириите, делумно поради шпекулативниот балон на пазарот за недвижнини. Ниските плати и високите кирии го прават Лисабон трет најскап град во светот за живеење, според британската осигурителна компанија ЦИА Лендлордс. Инфлацијата од 8,3 отсто во Португалија го зголеми проблемот.

Според официјалните податоци, околу 20 отсто од Португалците живеат во странство. Минатата недела, Владата објави значителен пакет мерки за справување со станбената криза, но групите за човекови права рекоа дека предлозите ќе имаат мал ефект доколку властите продолжат да промовираат други политики за привлекување богати странци во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот