ВИДЕО | Хуманитарен натпревар во БиХ се претвори во општа тепачка

Фото: Screenshot

Во БиХ се играше ракометен натпревар помеѓу Бјелина и Црвена Звезда кој требаше да биде од хуманитарен карактер, но истиот се претвори во тепачка во која имало и повредени.

Според информациите од медиумите во регионот две лица од публиката и еден ракометар биле пренесени во Ургентниот центар во Бјелина каде што им биле констатирани полесни повредени.

По укажана лекарска помош повредените биле испратени на домашно лекување. Натпреварот заврши со победа на Црвена Звезда од 30:22, меѓутоа по инцидентите резултатот скоро и да не беше важен.

За апсурдот да биде поголем токму навивачите на двата клуба беа организатори на натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот