ВИДЕО | Хотелиери: Не се само Охрид и Струга туристички центри, властите да работат и на промоција на Попова Шапка

Фото: Слободен печат

Планинарење, јавање коњи, планински велосипедизам, свежина, чист воздух. Туристичкиот центар Попова Шапка и во пролетниот и летниот период има што да понуди. Но, на планинскиот бисер на „Шара“ посетеноста не е на завидно. Гостите кои што ги има, претежно се од странство, дојдени преку букинг кој го организираат неколкуте хотелите кои што работаат на Попова Шапка во текот на целата година.

„Треба да работаат жичниците и во летниот период за да се привлечат туристи, но исто така треба да се промовира Попова Шапка, а не да се промовира и целиот акцент да се става само на Охрид и Струга. Но, проблем е исто така инфраструктурата, односно за патиштата во самиот центар ништо не е направено, руинирани се. Исто треба да се води сметка и на хигиената, на кучињата-скитници, од кои се плашат нашите гости, но треба да се поработи и на ноќниот живот, за тоа ништо не се презема, ние како хотел организираме нешто, но тоа не е доволно“, вели Хашим Хасани сопственик на еден хотел во туристичкиот центар Попова Шапка.

И тие туристи кои доаѓаат на центарот претежно се од европските земји. На лето тука треба да има илјадници туристи оти планината има што да понуди. Потребна е и поголема соработка со централните и локалните власти, велат хотелиерите.

„Еден месец времето не беше убаво, но сепак имавме гости кои сакаат да ја посетат нашата планина, но сега гледам пак се раздвижува турзмот. Оваа планина има што да понуди како посета на планински врвови, месноста Лешница, собирање на чаеви, самата природа плени. Сега моментално има повеќе планинари од Чешка од Полска и од Германија. Треба да ја почитуваме планината, но таа треба да се искористи, а не да се забрани да се користи. Шар Планина без слободно скијање не може да се развива, тој е важен спорт кој ги носи странските туристи, а сега на крајот од зимската сезона слободното скијање ни се забрани за одреден период од страна на Националниот парк“, рече Хашим Хасани.

Фото: Слободен печат

Туристичкиот центар Попова Шапка е во рамки на Националниот парк Шар Планина кој спаѓа во таканаречена бафер-зона каде со строги утврдени правила дозволено е градење и други инфраструктурни активности со цел развој на туризмот, но засега она што највеќе недостасува промоција на летниот туризам речиси и нема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот