ВИДЕО: Хамас води војна од болниците, а населението го користи како „човечки штит“, обвини Израел

Фото: Твитер

Хамас „води војна од болниците“ во Појасот Газа, а своето население го користи како „човечки штит“, обвини израелската војска.

На интернет се појавија и снимки во кои се тврди во кои објекти од болничките установи се кријат припадниците на Хамас.

„ИДФ го објави ова видео на кое се прикажани воени инсталации на Хамас во комплексот на болницата Шифа главниот медицински центар во Газа“, стои над едно објавено видое.

„Во болниците има гориво што Хамас го користи за својата терористичка инфраструктура. Терористите слободно се движат во болницата Ал-Шифи во градот Газа, најголемата на палестинската територија и во други болници, изјави воениот портпарол Даниел Хагари, повторувајќи го израелското обвинување дека Хамас го користи населението во Газа како „човечки штит“.

Од Хамас ги негираа ваквите тврдења.

„Нема основа за вистината во она што го изјави портпаролот на непријателската армија, рече Изат ал Ришк, висок член на политичкото биро на Хамас. Тој го обвини Израел дека ги изнесе наводите за „да го отвори патот за нов масакр врз нашиот народ“.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се уште се појавуваат трогателни видеа од повредени и загинати, но и од деца кои ги бараат своите родители во болниците низ Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот