ВИДЕО: Гори висококантица во Буенос Аирес, десетици заробени

фото:"Х“, пожар во Буенос Аирес

Пожарникарите се борат за да ги спасат луѓето заробени на врвот на 13-катната зграда во центарот на Буенос Аирес, откако избувна голем пожар.

Шестиот и седмиот кат од зградата до Министерството за труд на Аргентина на 668 Авенида Алем, во близина на брегот на Аргентинското Море, денеска нешто пред пладне по локално време беа зафатени од чад и пламен, пишува Дејли Мејл.
Додека луѓето од долните катови се евакуирани, пожарникарите се уште работат на спасување на оние од горните катови. Локалните медиуми јавија дека најмалку 12 лица се заробени на терасата и во задниот дел на зградата.

На местото на настанот се испратени повеќе од 15 возила на брза помош, а болниците во околината се ставени на готовност.
Досега во блиските болници се упатени 11 лица, меѓу кои три малолетни. Жена и нејзиниот син наводно биле пренесени во блиската болница Елизалде поради вдишување чад.

Причината за пожарот се уште не е утврдена. Локалните медиуми објавија дека оние кои биле во близина слушнале експлозија непосредно пред да избие пожарот. Објавено е дека од под огнот може да се забележат расфрлани тули преку улицата.
Управителот на зградата за аргентинскиот весник „Кларин“ изјавил дека „приватната“ зграда нема гас и додал: „Има само струја“.

„Не можам да ви дадам никакво објаснување бидејќи пожарникарите не ми дозволија да погледнам ни до вратата. Не бев во зградата кога се случи експлозијата, па не сум сигурен што навистина се случило“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот