ВИДЕО: Гори брод натоварен со 3.000 автомобили во близина на Холандија

фото- Твитер, гори брод натоварен со 3000 автомобили

Товарен брод со околу 3.000 автомобили се запали покрај холандскиот остров Амеланд. Има загинати и повредени.

Во тек е голема спасувачка операција во Северното Море. Според портпаролот на холандската крајбрежна стража, пожарот веројатно избувнал во електрично возило на бродот кој пловел под панамското знаме.

Испловиле од северна Германија и биле на пат за Египет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот