ВИДЕО | Ѓоковиќ играше фудбал во САД и постигна гол со пета

Фото: Screenshot

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ добро се забавува пред почетокот на турнирот во Индијан Велс. Ѓоковиќ пристигна порано во САД и во тој период освен што тренира го користи времето и за забава.

Сега тој играше и фудбал каде што се прикажа во добро светло. Најдобриот светски тенисер изведе мајсторија на мал простор и со пета ја смести топката во мрежата, а потоа имаше и интересна прослава на погодокот.

Првиот меч на Индијан Велс Ѓоковиќ го игра ноќта помеѓу сабота и недела против подобриот од мечот помеѓу Шинтатор Мочизуки и Александар Вукиќ. За Ѓоковиќ овој настап е враќање по пет години, а последен пат ја освои титулата во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот