ВИДЕО | Галевски: Поместени се границите за добивање на „Оскар“

Влатко Галевски, филмски критичар / Утрински брифинг
Влатко Галевски, филмски критичар / Утрински брифинг

„Оскарите“ се едни од најгламурозните манифестации во светот. Тоа е најпривлечното за најшироката публика. Можеби е пронајден е рецептот за баланс – да бидат блокбастери, да чинат многу, да се очекува заработувачка, но секогаш на Оскарите има и добри уметнички остварувања, изјави за Утрински брифинг Влатко Галевски, филмски критичар и рецензент.

-Да се сетиме дека пред десетина години победи „Животот е убав“ на Роберто Бенињи. Поместувањата се и на тој план. До пред 10-15 години Холивуд правеше фестивал за себе, за светот, но за сопствени потреби, коментира Галевски.

-Но откако поширокиот аудиториум сфати дека постојат уметнички филмови, подобри од само американските кандидати за Оскар, тогаш се поместија границите. Па дури и нашиот кандидат беше во категорија на докумантарни филмови, а конкурираше за најдобар филм, вели Галевски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот