ВИДЕО | Гацов: Нозете ги испруживме над чергата и веќе сме со голи нозе, го поминуваме максималниот износ на задолжување

Павле Гацов, финансиски консултант/ Фото: Слободен печат

-Буџетот е најважната алатка на секоја влада за реализација на политиките ветени во предизборието. Него ќе го донесе онаа влада што ќе дојде на власт. Буџетот е како водич по кој се насочуваме како ќе се одвива реализацијата на проектите, смета финансискиот консултант Павле Гацов, во гостувањето во Утрински брифинг.

Според него доколку не стигнат средства од буџетот тогаш се прибегнува кон ребаланс.

-Не треба да не чудат надуваните бројки кај капиталните расходи бидејќи тие скоро секогаш слабо се реализираат. Буџетот е сублимат, влез и излез, очигледно е ако не остварувате доволно приходи ќе мора да се задолжувате. Македонија премногу се задолжува. Тоа ќе продолжи и во наредниот период преку различни видови обврзници но ако не тргне економијата напред овие калкулации не се добри, вели Гацов.

Еден од проблемите во државата е сивата економијата и тешкотиите институциите да се справат со неа.

-Ако се земе дека е – трговијата не е опфатена со јавните давачки може да се каже дека тие се плодна почва на сивата економија. Изминатиот период не се направи опфат на сивата економија со јавните давачки.  Треба да се позиционираат системски правила, отварање регистри на интернет продавници и тие да се регистрираат, и втората работа е со репресивни мерки да им се наложи да се регистрираат, изјави за Утрински брифинг финансискиот консултант Павле Гацов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот