ВИДЕО + ФОТО | Одрон на карпа причина за смртта на младата девојка во земјотресот во БиХ

ФОТО : Ivo Cagalj/PIXSELL

По силниот земјотрес што ја погоди Босна и Херцеговина во кој загина и 27-годишната Елмира Сефо од Столац на социјалните мрежи излезе видео и фотографии по несреќата предизвикана од потресот при кој настрада и младата девојка како резултат на одрон на карпа врз куќата во која живееше со семејството.

Снимките објавени од регионалните медиуми ги покажуваат последиците од ужасниот удар од карпата врз куќата каде биле Елмира со нејзнините најблиски за време на земјотресот.

Според изјавите на комшиите на семејството Сефо огромното парче на карпа паднало врз кровот од објектот при тоа пробивајќи го покривот и внатрешноста на куќата.

Черкез Џенан со солзи во очите се уште не може да поверува што се случило. Утринава тој за телевизијат Н1 рече дека четири големи карпи паднале од ридот и им направиле штети на неколку куќи како резултат од силниот земјотрес.

– Паднаа четири поголеми карпи, постои можност за нови одрони на можете да видите кои се веќе започнати, некој треба да излезе на терен“, вели тој.

 

Инаку, според пишувањата на медиумите Елмира била донесена од Столац во болница во тешка состојба. Била без пулс, притисок и практично без знаци на живот. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но спас немало. Нејзините родители и сестра се полесно повредени, соопштија од болницата во која беше згрижена.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот