
ВИДЕО+ФОТО | Чудно овошје – Сините банани имаат вкус на сладолед од ванила, тие се многу отпорни, а можат да успеат и кај нас!
Сините банани со вкус на ванила потекнуваат од индонезискиот остров Јава. Тие се многу отпорни, преживуваат на температури од 0 до 44 степени, па така можат да растат и кај нас.
Препорачано
Индонезијците со години одгелдуваат ваков вид на банани, но тие се малку познати надвор од таа земја и Хаваи, каде што исто така се одгледуваат. Ги има и во Австралија, Фиџи и Централна Америка.
Нивната боја не е единствената необична карактеристика. Тие имаат посилен вкус од обичните банани кој потсетува на ванила, па затоа често се користат за правење природен сладолед.
The Blue Java banana. Tastes like vanilla ice-cream. pic.twitter.com/mS9vpDvjqe
— Naveed Trumboo IRS (@NaveedIRS) December 14, 2020
Токму поради тоа на Хаваи и ја нарекуваат сладолед банана.
Бојата на оваа банана се менува од сина, преку сино-зелена, во бледо жолта, кога е целосно зрела.
Изненадувачки е што оваа банана не е распространета насекаде, бидејќи е многу отпорна и може да се одгледува на температури од нула до 44 степени, иако нејзините идеални услови се тропски, околу 40 степени.
Потребно е да има многу вода и од семе до порасната билка потребни се само девет месеци. Нејзина мана е тоа што бара многу простор, бидејќи има многу долг и силен корен.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5